Фоден се врати во кампот на англиската репрезентација

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден повторно е во репрезентацијата на Англија, два дена откако го напушти за да се врати во татковината.

Причина за неговото заминување беше раѓањето на третото дете, момент кој тој не сакал да го пропушти, но сега е назад и подготвен за осминафиналето од Европското првенство.

„Честитки и добредојде назад“, напиша Фудбалската асоцијација на Англија на официјалниот профил на Твитер.

Фоден беше стартер на сите три натпревари од Европското првенство во кои Англија оствари една победа и два нерешени резултати.