Шкендија се засили со Нигериец од Гостивар

Eкипата на Шкендија денес го промовираше засилувањето од редоите на Гостивар, Адаму Алхасан.

Алхасан е 23-годишен фудбалер од средината од теренот и во македонскиот фудбал пристигна пред една година. Дресот на Гостивар го носеше на 29 натпревари во кои запиша една асистенција.

„Кога ја добив понудата од Шкендија се израдував затоа што знам каков тим се и каков стил на игра практикуваат. Ми се допаѓа тука, се изгледа професионално и затоа се одлучив да ја прифатам понудата“, изјави Адаму.