Скандал: На Игрите во Париз ќе настапи осуден педофил кој силувал 14 годишно девојче!

Натпреварувањето во одбојка на плажа на годинешните Олимписки игри во Париз (26 јули-11август) ќе бидат во центарот на вниманието на светската јавност бидејќи меѓу натпревараувачите ќе биде и осуден педофил - Стивен ван де Велде (29).

Холандскиот спортист освои норма и засега нема намера да се повлече од натпреварувањето и покрај мрачното минато, поради кое мина една година во затвор. Тој кога имал 20 години (2014 година) преку Фејсбук запознал 14-годишна девојка која живеела во Милтон Кејнс (Англија), по што отпатувал до нејзината куќа. Кога се уверил дека во близина нема други возрасни лица, се опил и повеќе пати го силувал детето во куќата и на блиското езеро. Жртвата на холандски спортист неколку пати се обидела да се самоубие нанесувајќи и физички повреди, а еднаш земајќи прекумерно количество лекови, а Ван де Велде во тоа време е вратил во својата родна Холандија за да ја избегне правдата, но на крајот бил екстрадиран во Велика Британија, каде што бил осуден по четири обвиненија.

Одбојкарот се изјаснил за виновен и доживотно е ставен во Регистарот на педофили во Обединетото Кралство, но бил и осуден на четири години затвор, но по само една година бил ослободен и префрлен во Холандија. Таму, на изненадување на многумина, му било дозволено да ја продолжи кариерата во одбојка на плажа. Откако го напуштил затворот, Ван де Велде целосно го променил својот живот. Се свртел кон спортот, станал многу успешен и основаше свое семејство. Оженет е со германската одбојкарка на плажа, Ким Беренс, со која има дете.