„Крвникот“ на Хрватска си замина од Европското првенство

Холандскиот судија Дани Макели се врати во татковината и повеќе нема да суди на Европското првенство.

Тој водеше два меча, меѓу Унгарија и Германија и потоа меѓу Хрватска и Италија, но многумина му забележаа за арбитражата на вториот натпревар кој директно одлучуваше за патникот во осминафиналето. Пред се за осумте минути судиско надополнување имајќи предвид дека Италија дури во осмата минута постигна гол за реми и пласман во следната фаза од првенството.

Макели е 41-годишен полицаец, а целата негова судиска кариера ја следеа скандали иако во дел од нив тој не беше главен виновник. Тоа се однесува за контроверзниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Катар, меѓу Србија и Португалија во Белград кога Кристијано Роналдо постигна гол во судиското продолжение, но тој не беше признат иако топката ја помина гол-линијата. Тогаш, на квалификациските натпревари немаше ВАР, помошниот судија не забележа добро, па целата вина падна врз Макели.