Милосављев го предводеше Фуксе Берлин до трофејот во Европската лига

Фуксе Берлин стана нов шампион во Европската лига, откако во финалето славеше против Гранолјерс со 36-31, додека третото место му припадна на Гепинген кој го совлада Монпелје со 33-29.

Германскиот тим ја најави победата уште во првото полувреме, кое го доби со 16-12, а Гранолјерс во вторите 30 минути се обидуваше да најде начин за пресврт, меѓутоа не успеа во намерата.

Најдобар во редовите на Фуксе Берлин беше Андерсон со осум голови, додека екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев запиша 13 одбрани.

За бундеслигашот ова е трета титула на европската сезона, откако во 2015 и 2018 година го освои ЕХФ-купот.