Голманот кој се качи на врвот на Европа со Вардар - ќе го брани голот на Кјелце!

По шест години минати во Фуксе Берлин, Дејан Милосављев ја напушта Германија и се сели во Полска каде од наредната сезона ќе брани за Кјелце.

Милосављев беше дел од тимот на Вардар кој стана шампион на Европа во сезоната 2018/19 и даде огромен допринос за тој успех.

Веднаш потоа се пресели во Фуксе Берлин и со голем успех бранеше за германскиот тим каде ќе остане до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Кјелце.

„Голманот Дејан Милосављев потпиша договор со Кјелце до 2030 година. Тој ќе почне да брани за нашиот клуб од стартот на следната сезона“, се вели во соопштението на полскиот клуб.