Алкалоид: Дојдете на време на ракометниот празник - се гледаме во сала!

Вечерва Алкалоид во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш натпреварот oд финалето во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК во кој има предност од четири гола од првиот натпревар. (25-29).

Кире Лазаров се одлучи ништо да не менува и натпреварот ќе го започне со истите ракометари со кои играше и во првиот натпревар, а Алкалоид објави важни информации за сите кои имаат купено билети.

Вратите се отвораат во 18:45 часот и ќе бидат затворени во 20:00 часот, средбата започнува во 20:30 часот.

„РК Алкалоид ги информира посетителите на финалето против РК АЕК од Атина во Европскиот Куп на ЕХФ дека влезовите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 18:45 часот и ќе се затвораат во 20:00 часот! 

Се молат сите посетители да дојдат во сала навремено, со цел да се избегне метеж при влезот, како и при стандардната проверка на билетите! Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид!“, објави Алкалоид.

Натпреварот започнува во 20:30 часот.