Хаос во Абу Даби: Тепачка меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос (ВИДЕО)

Грчкото дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос се води во Абу Даби за третата позиција во Евролигата, а навивачите на двете екипи се судрија на трибините.

За време на загревањето на кошаркарите, на горниот дел од трибините се соочија лутите навивачи на двете грчки екипи, поради што мораше да интервенираат и редарите.

Финалето во Евролигата се игра од 19 часот меѓу Фенербахче и Монако.