Ќе го „обесат“ во Атина: Ракометар на АЕК позираше со знаме со сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Дека соопштението на ЕХФ за наводни безбедносни проблеми во Скопје, поради кои е одложен мечот меѓу Алкалоид и АЕК е смешно и скандалозно, најдобар доказ е ситуацијата што се случи вечерва во „Борис Трајковски“.

Играчите на АЕК воопшто не беа загрозени, напротив, имаа интеракција со домашната публика, па дури и се фотографираа со гледачите.

Најинтересен беше моментот кога еден од ракометарите на АЕК, Адам Кеита, позираше со знаме со сонцето од Кутлеш поради кое пред три децении имаше голем проблем меѓу Македонија и Грција. Нам ни беше симпатично, но којзнае што го чека ракометарот на АЕК кога ќе се врати во Атина.