
Барса со победа ја заврши сезоната, Левандовски ја мина границата од 100 гола (ВИДЕО)
Без многу напор, „каталонците“ славеа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3-0 при што во главна улога беше Роберт Левандовски. Полјакот ги постигна првите два гола, во првото полувреме, а точка стави Дани Олмо од пенал во судиското продолжение.
Со првиот од двата гола, Левандовски дојде до бројката од 100 гола во дресот на Барселона како 19. фудбалер во историјата на клубот на кого му успеало тоа. Потребни му беа само 147 натпревари со што е еден од најефективните во постоењето на Барселона. Каталонскиот клуб е трет во кој Левандовски постигнува троцифрен број голови бидејќи истото го направи и со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Стотиот гол на Левандовски беше и 100. за Барса оваа сезона која првенството го завршува со 88 освоени бода, четири повеќе од второпласираниот Реал.