
Претседателот на АЕК сам призна дека тој наредил да не се игра во Скопје!
„Разбирам дека сите од нас очекуваа да излеземе на терен и да се бориме, но правата на АЕК се и наши права. Тие се наша сила и ќе ги браниме по секоја цена. Нема да дозволиме неправда против наши луѓе. Разбирам дека ракометарите се професионалци и дека се тажни во овој момент, но во исто време, тие се гордоста на АЕК, а нашиот респект кон нив е огромен“, изјави Папастаматис.
Тој се одлучил на ваков чекор за да ги заштити навивачите на АЕК и како еден вид протест за она што тие го преживеале во Скопје.