
Спорт1 ексклузивно ги „фати“ навивачите на АЕК како „бегаат“ назад кон Атина (ВИДЕО)
Причина за тоа е нивниот наводен револт што два автобуси со нивни навивачи биле вратени назаад бидејќи немале билети. Дека ова било однапред смислено сценарио се гледа во ексклузивното видео на Спорт1 во кое карванот со пет автобуси со навивачите на АЕП веќе беа тргнати назад кон Грција уште во моментите кога немаше најави дека мечот нема да се одигра.
Луѓето од АЕК прво убедуваа дека ги чекаат навивачите да се појават на трибините, па ќе почнат да играат, но јасно им беше дека тоа нема да се случи со оглед што тие веќе беа тргнати кон Атина, под силно обезбедување од македонската полиција.
ЗАБРАНЕТО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВИДЕО СНИМКАТА