
Рома извиси во последен момент, Локатели го однесе Јуве во ЛШ (ВИДЕО)
По голема борба и 2-2 до 73. минута, голот за одлука го постигна Локатели од пенал. Вп тие моменти Рома веќе водеше со 2-0 на гостувањето кај Торино и евентуален кикс на Јуве ќе значеше дека нема да се пласира во Лигата на шампионите. На крајот, сепак, им се придружи на Наполи, Интер и Аталанта кои претходно обезбедија учество во елитното европско натпреварување.
Рома не успеа да ги круниса одличните резултати последниот период и заврши на петтото место кое води во Лигата Европа, заедно со освојувачот на Купот, Болоња. Фиорентина ќе ја претставува Италија во Конференциската лига, а од Серија А испаѓаат Емполи, Венеција и Монца.