АЕК со инфантилно соопштение се обиде да ја оправда глупоста што ја направија

Грчкиот прволигаш АЕК се обиде да ја објасни својата одлука за неиграње на денешниот натпревар против Алкалоид, но се чини дека со соопштението што го објави само дополнително заглави во калта.

„АЕК значи чест, гордост, респект, морални вредности. АЕК значи семејство, единство. Најголемата поддршка на АЕК низ годините доаѓа од фан-базата и ако некој не ја почитува неа, не го почитува ни АЕК. Вечерва, нашата администрација, едногласно донесе тешка, но неопходна одлука. Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што тоа се обидоа да направат локалните власти во Скопје, што кулминираше со тоа што не им дозволи на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за честа на АЕК, пишува во соопштението на АЕК.

Вечерва на излезот од Скопје беа забележани пет автобуси со навивачи на АЕК, па нејасно е кому не му било дозволено да допатува во Скопје.