Олимпијакос го доби грчкото дерби против Панатинаикос во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос беа подобри во грчкото дерби против Панатинаикос со 97-93 во борбата за третата позиција во Евролигата.

Олимпијакос го отвори мечот на одличен начин со 33-20 во првата четвртина, а нивната предност на полувреме изнесуваше 57-46.

Панатинаикос не успеа да ја врати неизвесноста во третата четвртина, па така Олимпијакос влезе во последните 10 минути со предност од +11 (75-64).

Драматично беше во завршницата на дуелот кога Панатинаикос успеа да намали на три поени негатива (90-93), но Олимпијакос не дозволи пресврт до крајот на мечот.

Фото: Facebook/Olympiacos B.C.