
Здодевна трка во Ф1: Норис триумфира во Монако
Норис помина прв низ целта, по што следеше Шарл Леклер од Ферари, додека третата позиција му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен. Актуелниот шампион Макс Ферстапен чекаше до последниот круг да се случи нешто на патеката, односно да има безбедносно возило или „црвено знаменце“, но не дочека и мораше да влезе во пит-бокс во последниот круг за да го исполни правилото за две запирања на трката.
Ферстапен заврши на четвртата позиција на крајот, а потоа следеа Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Естебан Окон, Лиам Лосон, Алекс Албон и Карлос Саинц во топ-10.
LANDO NORRIS WINS THE MONACO GRAND PRIX!!! 🎉#F1 #MonacoGP pic.twitter.com/0M45SemqUS
— Formula 1 (@F1) May 25, 2025
Фото: EPA PHOTO