Новак преживеа уште еден тежок меч и се пласира во осминафинале
Ѓоковиќ беше подобар од Ковачевиќ за нешто повеќе од два часа игра, со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-4). Тоа беше негова втора победа во исто толку натпревари против Американецот од српско потекло, по Ролан Гарос во 2023 година, овој пат многу потежок од тогаш.
Неверојатно звучи податокот дека некогашниот најдобар светски тенисер имаше дури 28 винери помалку од својот ривал (22/50), но го спасија неизнудените грешки од Американецот кои ги имаше дури 44. Во финишот, до израз дојде искуството, при 30-30 во последниот гем, Ковачевиќ имаше отворен десен дел од теренот, но нападна таму кај што беше Ѓоковиќ, Србинот врати и успеа да го освои тој поен за во следниот, да дојде до победата.
Ривалот во осминафиналето на Индијан Велс, каде што е за прв пат од 2018 година, Ѓоковиќ ќе го дознае откако ќе играат Серундоло и Дрејпер.