Проблеми за Пелистер: Тајник итно опериран во болница во Битола!

Актуелниот македонски ракометен шампион Пелистер се соочува со нови проблеми, откако Домен Тајник морал итно да биде опериран во Битола.

Пелистер соопшти дека Тајник бил хоспитализиран и му била извршена хируршка интервенција на слепото црево.

Словенечкиот ракометар го очекува пауза, но засега не е познато кога ќе се врати на ракометните терени.

„Брзо опоравување Домен, ние сме со тебе. Домен Тајник денес беше успешно опериран од слепо црево во болницата во Битола“, соопшти Пелистер.

Фото: Пелистер РК