Непријатна сцена во Кратово: Брза помош влезе на терен по фудбалер на Силекс (ВИДЕО)

Во финишот од дуелот помеѓу Силекс и Вардар во Кратово видовме и една непријатна сцена во која повреден беше домашниот фудбалер Ади Алиќ.

Босанецот од редовите на кратовскиот состав по еден дуел беше удрен во задниот дел од главата по што падна на теренот, а по реакцијата на медицинската екипа на теренот, мораше и со возило на брзата помош веднаш да биде пренесен и во болница.