Младинците на Мулти Есенс го декласираа Пелистер во битка за титулата

Младите ракометари на Мулти Есен триумфираа против Пелистер во финалето на завршниот турнир кој се играше во салата „Антон Димитров“ во Скопје.

Мулти Есенс во финалето го декласира Пелистер со убедливи 32-22, откако претходно на патот до завршницата славеше против Бутел со 34-21.

Третата позиција на Ф4-турнирот му припадна на Бутел кој славеше против Алкалоид.

Фото: Facebook/RK Multi Essence