Македонска фудбалска легенда во Собранието на Партизан

Македонската фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ се враќа во Партизан, каде што во иднина ќе биде дел од собранието на српскиот гигант.

Поранешниот дефанзивец на 2 јуни ќе биде на седницата на клупското Собрание, заедно со уште неколку познати имиња од историјата на „црно-белите“, при што се очекува претседателскиот мандат да му биде доделен на Расим Љајиќ.

Станојковиќ играше во Партизан од 1989 до 1993 година и запиша 110 настапи во истиот период, а во кариерата го носеше и дресот на Куманово, Вардар, Дегерфрос и Трелеборг.