
Манев со Риека стана шампион на Хрватска
Риека го постигна првиот гол преку Јанковиќ во 12. минута од средбата, по што Фрук стрелаше во 50. минута за конечни 2-0 и нова титула за екипата во хрватскиот шампионат.
Македонскиот репрезентативец Јован Манев беше дел од составот на Риека, меѓутоа не доби шанса од клупата за резерви.
Манев оваа сезона настапи на седум натпревари за новиот хрватски шампион во домашното првенство.
На останатите натпревари, Динамо Загреб славеше против Вараждин со 1-0, додека Хајдук Сплит триумфира со 1-0 против Шибеник.
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/NK Rijeka