Жестока пресметка на Комити со навивачите на АЕК, Грците го извлекле подебелиот крај! (ВИДЕО)

Вечерва ракометарите на Алкалоид го играат реванш дуелот од финалето во ЕХФ Европскиот куп против АЕК, кој според најавите, во Скопје ќе има поддршка од околу 200 свои навивачи.

Синоќа,  дојде и до пресметка на грчките навивачи со Комити која се случила на градскиот плоштад во Скопје, каде што дошла претходница на грчките хулигани, со цел да провоцира и да прави инциденти. Но, тоа не им успеало, па гостите од Грција го извлекле подебелиот крај во битката со вардаровите навивачи. 

Останатиот дел од навивачите на АЕК ноќта ја минале во гевгелиските казина, тие денеска со автобуси пристигнуваат во Скопје директно на натпреварот.