Вилјареал ја „потопи“ Севилја во спектакуларен меч со шест гола!

Фудбалерите на Вилјареал со триумф од 4-2 против Севилја ја завршија сезоната во шпанската Ла Лига, со што го освоија петтото место во првенството.

Пино по само четири минути ја затресе мрежата на гостите од Андалузија, а потоа Геј го зголеми водството на 2-0. Севилја преку Соу ја врати неизвесноста и намали на 1-2, но „жолтата подморница“ со погодок на Баена повторно поведе со два гола разлика (3-1).

Вилјареал на стартот на вториот дел постигна и четврти гол, по што во самата завршница Мартинез ги постави конечните 2-4.

Standings provided by Sofascore