
Навивачите им се заканиле на луѓето од АЕК: Ако играте, тогаш не се враќајте во Атина!
Причина за ваквата нивна реакција, според информациите на Македонската телевизија (МТВ), е фактот што македонската полиција денеска вратила два автобуси со фанови на грчкиот клуб, кои биле прекубројни и кои немале билети за натпреварот. Алкалид претходно објави дека гостите добиле 200 билети, но Грците тргнале во поголем број поради што припадниците на МВР од безбедносни причини не ги пропуштиле сите да дојдат до Скопје.
Тогаш дури и тие грчки навивачи што имале билети се солидализирале со прекубројните и тргнале назад кон Атина, но во меѓувреме му се заканиле на претседателот на клубот и на неговите соработници да не се враќаат дома ако истрчаат на теренот. Ракометарите на АЕК сакаа да играат, цело време беа во поттрибинскиот простор чекајќи да почнат да се загреваат, а дел од нив дури и со солзи во очите ја прифатија непопуларната одлука да си заминат.