Бецеки го искористи откажувањето на Квартараро и го покори Силверстон

Италијанскиот возач Марко Бецеки славеше на трката за Големата награда на Велика Британија на Силверстон, откако го искористи откажувањето на Фабио Квартараро.

Квартараро на седум кругови пред крајот се соочи со проблеми со мотоциклот, поради што мораше да ја заврши трката, а тоа донесе радост во екипата на Априлија, зашто Бецеки го презема првото место и триумфира на патеката.

Марк Маркез останува лидер во генералниот пласман со 180 бодови, по што следи Алекс Маркез со 19 поени помалку.

Фото: EPA PHOTO