Дерби во Купот: Струга и Шкендија се борат за полуфинале!
Тимовите влегуваат во пресметката со надеж дека ќе се изборат за полуфинале, а пред напреварот фудбалерот на Струга, Буњамин Шабани вели дека ќе било добро овие екипи да се сретнат во финалето, а не толку рано во натпреварувањето.
„Сакавме оваа средба да биде финале, но за жал се сретнавме во четвртфинале. Домашниот терен е мала предност, но не мислам дека ќе одигра голема улога против Шкендија. Мора да бидеме дисциплинирани во играта за да ја постигнеме целта“, кажа Шабани.
Тетовци имаат големи очекувања по добрата серија резултати во изминатиот период, иако се свесни дека ќе биде тешко во Струга.
„По добрите резултати во Првата лига, сега е време да се фокусираме на Купот. Свесни сме дека на Струга единствена опција за излез во Европа ѝ е Купот, па мора да бидеме внимателни. Нормално е да бидат мотивирани, но атмосферата во нашиот тим е одлична“, кажа Анес Мелиќи.
Победникот од оваа средба ќе се соочи против Шкендија Арачиново, додека второто полуфинале се игра меѓу Силекс и Охрид.
Фото: ФК Струга