Арбелоа може да здивне: Куртоа не е повреден!

Белгискиот голман Тибо Куртоа беше заменет на полувремето на мечот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид на „Итихад“, по што се појавија шпекулации дека е повреден, но сега пристигна демант.

Куртоа не е повреден, туку изморен поради големиот број натпревари, па тренерот Алваро Арбелоа не сакал да ризикува евентуална повреда во дуелот со „граѓаните“.

Засега нема потврда дали белгискиот чувар на мрежата ќе брани во градското дерби против Атлетико Мадрид в недела, но по најновите вести шансите за тоа се поголеми.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.