Американците загубија финале на СП во популарен спорт од земја која ја нападнаа неодамна (ВИДЕО)

На Светското првенство во бејзбол, САД имаше моќен состав во кој беа членови од МЛБ-лигата, но во финалето загубија од Венецуела со 2-3.

Венецуела, во која бејзболот е популарен спорт, го освои првиот трофеј во натпреварувањето откако во 2023 година испадна токму од САД во четвртфиналето.

Илјадници навивачи на Венецуела излегоа на улиците да го прослават големиот успех на репрезентацијата, а како дополнителна мотивација им беше тоа што САД ги нападнаа воено и го киднапираа нивниот лидер пред два ипол месеци.

„Ова е огромна победа над САД. И спортска и политичка. Погледнете колку се среќни луѓето“, кажа еден од спортистите.