Сенегал ќе се жали до Судот во Лозана: Ова е сериозен удар врз африканскиот фудбал

Сенегалската фудбалска федерација реагираше остро на одлуката на Африканската фудбалска федерација да ја прифати жалбата на Мароко и да го прогласи за шампион на Африка.

Од Сенегал посочија дека оваа одлука е неправедна и сериозно го поткопува африканскиот фубал, а во официјалното соопштение, Федерацијата истакна дека ваквиот потег претставува удар врз интегритетот на спортот и најави дека ќе ги преземе сите потребни правни чекори за заштита на интересите на сенегалскиот фудбал.

Федерацијата најави дека наскоро ќе биде поднесена жалба пред Судот за спортска арбитража во Лозана.  

„Сенегалската фудбалска федерација останува цврсто посветена на вредностите на интегритет и спортска правда“, се наведува во соопштението.

Фото: EPA