Најдобриот фудбалер на Сенегал по одземената титула: Ова ги премина сите граници!
Сенегал успеа да го победи Мароко во финалето, но сега остана без титула, а тоа го налути Мане кој испрати жестока порака.
„Ова ги премина сите граници. Ова не е фудбал за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме. Има премногу корупција во нашиот фудбал и тоа ја уништува страста на милиони навивачи ширум континентот“, кажа Мане.