Главоболки за Арбелоа пред големото дерби во Мадрид!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид синоќа триумфира со 2-1 против Манчестер сити и со вкупни 5-1 го елиминира од Лигата на шампиони (ЛШ), но екипата на Алваро Арбелоа се соочува со проблеми.

Белгискиот голман Тибо Куртоа се повреди поради што морал да биде заменет на полувремето од дуелот на „Итихад“, а според првичните информации тој нема да биде достапен за големото дерби против Атлетико мадрид.

Реал и Атлетико ќе се соочат на „Сантијаго Бернабеу“ в недела од 21 часот, а голот на „кралевите“ треба да го брани Андриј Лунин.