Важен потпис во Автокоманда: Капитенот не мрда од Алкалоид!

Eкипата на Алкалоид објави важен потпис во своите редови, средниот бек и капитенот на тимот од Автокоманда, Игор Ѓорѓиев ја продолжил соработката.

Ѓорѓиев кој е и македонскиот репрезентативец настапи на последното Европско првенство, а во Алкалоид е еден од најважните ракометари во тимот на Лазаров, токму затоа неговиот потпис е и тоа како важен.

Иако има 25 години, Ѓорѓиев е и помеѓу најискусните во Алкалоид бидејќи пет години го носи синиот дрес, а во кариерата настапуваше уште за Голден Арт и Вардар Јуниор.