Неверојатно: Русинка ја предводела делегацијата на Украина на отворањето на ЗОИ!

За неколку дена изминуваат и четири години од почетокот воениот конфликт помеѓу Русија и Украина кој често пати има и влијание во спортот, а сега една необична вест пристигнува од Олимписките игри во Италија.

Имено, две недели по свеченото отворање на игрите во Италија медиумите објавија дека всушност предводничката на украинската делегацијата која пред себе носеше табла со името на Украина била Русинка.

Станува збор за Анастасија Кучерова која самата изразила желба да биде во таа улога.

 „Кога чекориш покрај тие луѓе, сфаќаш дека имаат човечко право да чувствуваат омраза кон секој Русин. Но, сметам дека е важно, макар и со најмал гест, да им покажеш дека не сите размислуваме исто“, изјави Кучерова додавајќи дека не се согласува со политиката на рускиот претседател Владимир Путин.

Таа нагласи дека во ниту еден момент не го поддржува она што се случува во Украина, а своето учество го опиша како „мал и личен гест на поддршка кон држава растргната од војна“.

„Украинците не можат да избегаат од мрачните мисли, ниту да се преправаат дека војната не постои. За нив тоа е секојдневна реалност. Се обидуваат да продолжат – да се венчаат, да сакаат, да спортуваат, да настапуваат на Олимпијада – но сето тоа се случува во сенката на нешто ужасно“, смета руската архитектка.

Интересно е што до „откривањето“ на нејзиниот идентитет, ниту од Меѓународниот олимписки комитет, ниту од локалниот организациски одбор не знаеле за овој детал.

Фото: EPA