Работнички на гости кај Брера во Струмица ќе бара крај на црната серија

Поранешниот македонски шампион Работнички денеска ѝ гостува на Брера Струмица во 19. коло од Првата лига со надеж дека ќе ја прекина лошата серија во домашниот шампионат.

Работнички се наоѓа во непријатна ситуација, односно на претпоследното место во првенството и мора да почне да победува наскоро доколку сака да избегне испаѓање во понизок ранг.

Екипата од Дебар Маало оваа сезона победи само еднаш во Првата лига, а денеска ќе има пеколно тешка задача против Брера која влезе во добар ритам и освои седум од можни девет бодови на последните три меча во лигата.

Претходниот меѓусебен меч на овие екипи, на стартот на сезоната заврши со дури седум погодоци, односно славеше Брера со 4-3.

Брера во моментов е на шестата позиција со 23 бодови, додека Работнички е на 11. место со само седум поени.