Барселона почна преговори со Јунајтед за трансферот на Рашфорд

Каталонскиот гигант Барселона сака да го задржи англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд, кој во моментов е на позајмица од Манчестер јунајтед.

Рашфорд не сака да се врати кај „црвените ѓаволи“ затоа што е задоволен во Барселона, но Каталонците не сакаат да ја платат откупната клаузула од 30 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона почнала преговори со „ѓаволите“ и сака да плати помала сума од тоа што очекува премиерлигашот.

Англичанецот оваа сезона настапи на 34 меча за Барселона, а притоа постигна 10 голови и 13 асистенции.

Фото: Facebook/Barcelona FC