Трагедија: Поранешен италијански фудбалер пронајден мртов во шума!

Поранешниот италијански фудбалер Кристијан Џидаи бил пронајден мртво во шума, откако исчезнал пред неколку денови, а полицијата сè уште води истрага за случајот.

Неговото тело е лоцирано со помош на следење на мобилниот телефон, а од Џидаи се збогуваа поранешните клубови, меѓу кои е и Чезена.

Џидаи во текот на кариерата играше 11 години во Италија, а имаше и кратка епизода во Серија А за Новара. Тој настапуваше на позицијата десен бек и ги носеше дресовите на Чезена, Про Патрија и други екипи.

Италијанецот е роден во Авелино и првпат е пријавен за исчезнат откако не се појавил на работа.