Алушовски: Не одигравме како што се договаравме
Битолскиот тим загуби и сега е пред елиминација од Лигата на шампионите, повторно во групната фаза, како и претходните две години. Алушовски призна дека не е задоволен од играта на своите ракометари.
„Не го отворивме мечот како што посакувавме и не одигравме дел од она што се договаравме претходно. Малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и прилично сум задоволен од враќањето на само еден гол разлика. Делови во нашата игра не одговараа на нивото на Лигата на шампионите, а не ни одеа во прилог ниту уморот на репрезентативците и неколкуте повреди што ги имаме. Треба да извлечеме поука од денешниот меч и да продолжиме со макотрпната работа.
Не сум незадоволен од одбраната, а бевме безидејни во нападот. Ни треба време, но го немаме. Ќе мораме да реагираме брзо и да се подобруваме во од. Јас сум оптимист, со ваков карактер можеме да се надеваме на нешто повеќе, иако денес прикажаното не беше доволно за успешен резултат“, рече Алушовски.
Во следното коло, Пелистер гостува кај ГОГ Гудме, директен ривал за пласман во нокаут фазата.