Пелистер може полека да се збогува со Лигата на шампионите
Битолскиот тим загуби на домашен терен од Висла Плоцк со 25-28 и ќе му треба чудо за да се најде меѓу најдобрите 12 во елитното натпреварување. Пелистер заостанува четири бода зад ГОГ Гудме, а во последните три кола игра против данскиот тим во следното коло, против ПСЖ и против Барселона и освен што мора да освои максимални шест бода, треба да мисли и на меѓусебниот дуел со ГОГ Гудме.
Пелистер денеска ниеднаш не се најде во водство во можеби најважниот меч. Висла отвори со 3-0, во 20. минута отиде на +5 (9-4), а на голем одмор замина со 13-9. Највисоките +6, полскиот тим ги имаше во 44. минута кога поведе со 20-14, но потоа дојде најдобриот период во играта на Пелистер.
Во следните шест минути, нашиот тим направи серија од 5-0 и се доближи на само -1 што предизвика ерупција во салата Младост, но за жал, Пелистер тука застана. Со серија од два гола Висла пак се одлепи, нешто подоцна поведе и со 25-22 и тука беше крајот на сите надежи.
Пешевски, Тајни и Атанасијевиќ беа најефикасни кај Пелистер со по четири гола, а свој ден немаше капитенот Филип Кузмановски кој постигна три гола од осум шута.