Голема победа на српскиот шампион: Звезда го урна Лил на негов терен (ВИДЕО)
Звезда славеше на гостувањето кај Лил со 1-0 и идната недела пред преполните трибини на Маракана треба само да ја сочува предноста и со неа ќе се пласира меѓу најдобрите 16 во второто по квалитет европско натпреварување. Српскиот тим беше апсолутно подобар и заслужено победи, користејќи ја со тоа кризата во која се наоѓа францускиот прволигаш.
Моментот на одлука се случи во судиското продолжение од првото полувреме кога Тебо Учена го постигна победничкиот гол за Звезда. Гостите во вториот дел можеа и до втор погодок, но до него не дојде.
Сепак, „црвено-белите“ ќе имаат огромна предност на реваншот и во моментов се големи фаворити за пласман во следната фаза.
РЕЗУЛТАТИ
Селтик - Штутгарт 1-4
Лил - Црвена Звезда 1-4
Лудогорец - Ференцварош 2-1
Панатинаикос - Викторија Плзен 2-2