Сензација во Доха - Синер е елиминиран!
По поразот во полуфиналето во Мелбурн, елиминацијата во четвртфиналето во Доха е уште еден резултат кој не беше очекуван од италијанскиот ас. Не треба да се потцени одличната игра на 16. играч во светот кој ја оствари втората најголема победа во својата кариера, покрај онаа против Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами против Новак Ѓоковиќ.
Во полуфиналето, Меншик ќе игра против Алесандро Фис, а во отсуство на Синер, уште поголем фаворит за титулата во Доха е Карлос Алкараз.