Шкендија надиграна - со негатива ќе патува на реваншот во Турција (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија ја загуби првата битка од плејофот во Конференциската лига против Самсунспор откако вечерва на домашен терен загуби од турскиот тим со 0-1.

Тетовци беа апсолутно надиграни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Самсунспор доминираше во текот на целиот натпревар, а нашиот претставник може да бидат задоволен што има негатива од само еден гол.

Самсунспор пропушти шанса рано да поведе, доби пенал уште во седмата минута, но првата ѕвезда на тимот, Шериф Ндиаје биеше високо над голот. На крилјата на своите навивачи кои ги имаа во поголем број, Турците продолжија да притискаат, но Шкендија ги одбиваше нападите.

Македонскиот тим одолеваше до 77. минута кога по одличен центаршут на Холсе, Мариус ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство на Самсунспор од 1-0. Гостите беа поактивни и по дадениот гол, напаѓаа и за втор погодок, но резултатот остана непроменет и покрај тоа што гостите имаа дури 17 шута и 70% посед на топка.

Реваншот во Турција се игра на 26. февруари со почеток од 18:45 часот.