Резил: Самсунспор има трипати повеќе навивачи од Шкендија! (ФОТО+ВИДЕО)

Иако Шкендија игра историски натпревар не само за себе, туку и за македонскиот фудбал, интересот за денешниот меч против Самсунспор не е многу голем.

На Градскиот стадион во Скопје има многу мал број навивачи на тетовскиот клуб кому не му цветаат рози во домашното првенство и засега има големо заостанување во однос на лидерот Вардар. Сепак, изненадуввачки е тоа што Самсунспор во Скопје има и три пати повеќе симпатизери од домашниот тим.

Веќе некое време има шпекулации дека управата и навивачите на Шкендија не се во најдобар однос, а вечерашната ситуација можеби е потврда на сето тоа.
 

Со оглед на тоа што не беше најавен толкав број навивачи на Самсунспор, многу веројатно на Градски има турски љубители на фудбалот кои живеат во Скопје и Македонија. Сепак, заслужуваат честитки за тоа како го бодрат тимот, а се погрижија и за убава атмосфера на стадионот.

Погледнете како турските навивачи се упатија кон Националната арена „Тодор Проески“: