Самсунспор не го заборави Ѓоре Јовановски - му подари дрес

Поранешниот македонски фудбалер и тренер Ѓоре Јовановски е можеби најголемата врска меѓу нашиот фудбал и Самсунспор кој вечерва ѝ гостува на Шкендија во плејофот од Конференциската лига.

Трофејниот стручњак беше и играч и тренер на турскиот прволигаш и се уште има конекции со овој клуб. За него настапуваше од 1986 до 1988 година, а во 2002 година таму престојуваше како тренер откако претходно поднесе оставка од селекторската функција во македонската репрезентација.

Самсунспор не го заборави Јовановски и денеска му оддаде голема почест. Пред натпреварот против Шкендија, претставници на клубот се сретнаа со нашиот стручњак и му подарија дрес со бројот 2.