Беќири: Против тим како Самсунспор не е дозволено да се пропуштаат шансите
Турците победија со 1-0 во Скопје и тоа апсолутно заслужено затоа што подобри во текот на сите 90 минути, па дури можеа дома да си заминат со поубедлива предност. Тоа го призна и тренерот на Шкендија, Јетон Беќири во својата изјава по натпреварот.
„Се соочивме со многу квалитетен тим, но сакам да се фокусирам на мојот тим. Мислам дека Шкендија не одигра најдобро. Секако, не сакам да го омаловажам настапот на противникот, бидејќи, да бидам фер, тој беше подобриот тим на теренот и искористи една од шансите што ги имаше. Ние, двете или три добри прилики не успеавме да ги претвориме во гол, а кога играте против толку квалитетен тим, ако не успеете да постигнете гол од тие чисти шанси, тогаш конечниот резултат не може да биде позитивен.
Не очекува првенствен натпревар и би сакал да се фокусираме на него, а потоа за реваншот ќе се обидеме да дадеме се од себе и да се надеваме на подобар настап на нашиот тим“, рече Беќири.
Реваншот во Самсун се игра на 26 февруари од 18:45 часот.