„Потешко е да ја освоите МЛС, отколку Лигата на шампиони!“
Де Пол неодамна триумфира во МЛС-лигата и кажа дека тоа натпреварување е потешко да се освои, отколку ЛШ каде што се натпреваруваат најдобрите европски тимови.
„Мислам дека е потешко да се освои МЛС-лигата, отколку Лигата на шампиони. Природата на турнирот дава посебна тежина и предизвици на тимовите. Можеби изгледа чудно, но системот во МЛС е навистина тежок“, објасни Аргентинецот.
Интересно е тоа што Де Пол има освоено една титула со неговите екипи, а тоа е МЛС-лигата, додека во ЛШ никогаш не успеал да го крене пехарот.