Ендрик воведува ред во Лион - ги „казнуваше“ соиграчите со по 100 евра!

Францускиот гигант Лион објави видео на социјалните мрежи на кое во центар на внимание е талентираниот бразилски фудбалер Ендрик.

Ендрик уште на самиот старт се покажа како големо засилување за Лион, а набрзо почна да воведува ред во клубот.

Бразилецот пристигна порано од сите на тренинг и чекаше да види кој од неговите соиграчи ќе доцни за да му наплати „казна“ по 100 евра.

Младиот фудбалер очигледно реши да се пошегува со неговите соиграчи затоа што не им зема пари навистина, но неговиот потег ги воодушеви фановите.