Ужасна сцена на ЗОИ: Фаворит за злато падна на глава, итно е пренесен во болница (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион во слободно скијање, Финли Мелвил Ив беше евакуиран по тежок пад на патеката на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

Скијачот, кој важеше за главен фаворит за златен медал, доживеа тежок пад во квалификациите, по што мораше да биде пренесен во болница.

Скијачот по падот одстана без свест, додека итната помош не пристигна на местото на несреќата, а шест медицински работници помогнаа да се евакуира.