Добра вест за Лердам: Може да продолжи да се разголува и добро да наплатува!

Челниците на Олимписките игри се огласија и порачаа дека нема никакви пречки Јута Лердам да продолжи со нејзиното раскопчување по секоја трка кога го покажува логото на нејзниот спонзор „Најк“.  

Холандската ѕвезда во брзо лизгање Јута Лердам со своето препознатливо раскопчување на оделото привлече огромно внимание, а беше објавено и дека причина е договорот со американската компанија кој е во вредност од 850.000 евра годишно, дополнително за секоја објава на Инстаграм каде што се гледа логото на „Најк“ или друга компанија таа добива речиси 62.000 евра.

Од Меѓународниот Олимписки Комитет потврдија дека Лердам нема да сноси никакви последици и нема да биде финансиски казнета.

„Не сум експерт за уметничко лизгање, но разбирам дека раскопчувањето на оделото по трка е нормална практика кај лизгачите, особено затоа што оделата се многу тесни. Тоа е вообичаено, а не маркетиншки трик“, изјави директорката за маркетинг на МОК, Ан-Софи Вумар.

Дополнителен маркетиншки импулс ѝ дава и врската со инфлуенсерот и боксер Џејк Пол, кој има речиси 29 милиони следбеници на Инстаграм. Кога промотивните објави ќе се појават и на неговиот профил, досегот се зголемува повеќекратно.

Лердам на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано освои злато на 1.000 метри и сребро на 500 метри.

Фото: ЕPA