Лестер поднесе жалба - сензационалниот шампион може да стане третолигаш!
Казната на Лестер беше изречена на почетокот на месецот, по што тимот се лизна на 20. место на табелата во Чемпионшип. Двата последователни порази дополнително ги турнаа „лисиците“ во зоната за испаѓање, па сега Вест Бромвич кој е прв тим над опасната зона им бега два бода.
Премиер лигата во мај го обвини Лестер за прекршување на правилата за профит и одржливост (ПРС) во тригодишниот период заклучно со сезоната 2023/24.
Од Премиер лигата најавија дека ќе побараат жалбата да се разгледа по итна постапка, односно пред крајот на сезоната.